
ЕВН 5-3(1-3) LC Waikiki
ЕВН: Дарко Стоилевски 25’ 36’ Вилјам Митев 21’ 39’ Бојан Тодоровски 19’
LC Waikiki: Мустафа Мустафа 15’ Фуркан Фетаи 20’ Есер Сулејмани 19’
Дваесет и првото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипата на ЕВН и LC Waikiki, екипите одлилно го започнаа полувремето со цврста игра на средината на теренот и одлично поставена одбрана. Екипата на ЕВН имаше одлична шанса со играч повеќе да дојде до прво водство во натпреварот но не успеаа да ја искористи. Екипата на LC Waikiki успеа да казни на спротивната страна со два погодци во низа преку Мустафа и Сулејмани успеа да поведе со 0-2. До крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да ја одржи предноста од два гола и на паузата замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН ги консолидира своите редови и од минута во минута успеа да ја стопи резултатската негатива со погодоците на Митев и Стоилевски до 25та минута успеаа да дојдат до израмнување на 3-3. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и ја направија завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на ЕВН успеа да поведе преку вториот погодок на Стоилевски на 4-3 и успеа да ја сочува предноста за победа во овој дуел со резултат од 5-3.