
ЕВН 6-2(3-0) Стопанска Банка
ЕВН: Хамза Јашари 14’ 30’ Вилијам Митев 4’ 40’ Ајет Новобрдалија 23’ Бојан Тодоровски 19’
Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 33’ Бојан Ѓорѓиески 29’
Шестото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Стопнска Банка, двете екипи влегоа во овој натпревар во високо темпо на игра. Екипата на ЕВН прва го отвори резултатот со погодкот на Митев во 4та минута од натпреварот и поведе со 1-0, по оваа негатива екипата на Стопнска Банка ја завршси играта во обраната и се обидуваше преку брзи контра напади да ја изненади противничката одбрана. Екипата на ЕВН сепак успеа да искористи грешка во одбраната на Стопнска Банка и преку Јашари да зголеми на 2-0 во 14та минута. До крајот на полувремето екипата на ЕВН преку Тодоровски успеа да дојде до предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одличната игра и успеа да ја зголемува резултатската предност на 4-0, екипата на Стопнска Банка преку ЃорЃиевски успеа да намали на 4-1 во 29та минута. Но екипата на ЕВН ги држеше конците во овој дуел не дозволи изненадување и на крајот славеше со 6-2.
Играч на натпреварот: Вилијам Митев (ЕВН)