
ЕВН 6-5(4-0) Алма М
ЕВН: Бојан Симоновски 3’ Дарко Стоилевски 14’ 37’ Вилијам Митев 4’ 6’ Хамза Јашари 22’
Алма М: Абдула Фера 31’ Бесир Абдула 25’ 38’ Јетмир Арифовиќ 33’ 34’
Одличен почеток за екипата на ЕВН во дуелот со Алма М, тие уште на самиот старт на натпреварот успеаа да ја скршат одбраната на Алма М и успеаа да дојдат до рано водство од 1-0 уште во 3та минута со погодокот на Симоновски. По оваа рано водство екипата на ЕВН доби дополнителна мотивација и преку Митев во 4та и 6та минута успеаа да зголемат на 3-0. Екипата на Алма М се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на ЕВН одлично ја постави одбраната и не дозволи лесен погодок па на паузата замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Алма М продолжи со цврста игра и се обидуваше резултатски да се врати но екипата на ЕВН играше на високо ниво и со одлична реализација па успеваше да ја зголеми резултатската предност на 5-0. Екипата на Алма М мораше да направи тактички измени, во својот состав внесе голман играч со кој успеа да створи вишок во нападот и да започне со топење на резултатската негатива. Во 34та минута екипата на Алма М успеа да дојде на само гол негатива и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ЕВН успеа да ја сочува минималната предност и да славеи во овој дуел со 6-5.