
ЕВН 7-4(3-1) Кромберг и Шуберт
ЕВН: Дарко Стоилевски 34’ Ајет Новобрдалија 28’ Бојан Тодоровски 3’ 19’ Хамза Јашари 10’ 32’ 40’
Кромберг и Шуберт: Салим Сулејмани 20’ 33’ Милан Тодоровски 23’ Љупчо Стефановски 35’
Одличен почеток за екипаа на ЕВН во дуелот со Кромберг и Шуберт, тие од самиот старт на натпреварот започнаа со силен притисок во предно поле. Ваквата игра им донесе водство уште во раната фаза од натпреварот во 3та минута преку Тодоровски успеа да поведе со 1-0. Во продолжението екипата на ЕВН успеа преку Јашари да зголеми на 2-0 во 10та минута, ова ја примора екипата на Кромберг и Шуберт да започен со поофанзивна игра. Екипата на Кромберг и Шуберт често се закануваше кон голот на противникот но екипата на ЕВН одлично ја постави играта во одбраната па до паузата успеаа да постигнат уште еден гол, а Кромберг и Шуберт преку Сулејмани успеа да намали на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија во висок ритам на игра екипата на Кромберг и Шуберт ги консолидира своите редови па до 23 минута дојде на само гол негатива со резултат од 3-2. Сепак екипата на ЕВН не дозволуваше пресврт ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот од овој дуел славеше со 7-4.