ЕВН ја сочува предноста и славеше над Окта

Окта 2-3(2-2) ЕВН

Окта: Живко Котевски 19’ Бојан Станковиќ 16’
ЕВН: Дарко Стоилевски 5’ 33’ Наум Бадаловски 16’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Окта и ЕВН, екипата на ЕВН имаше одличен почеток во натпреварот и во 5та минута успеа да реализира погодок преку Стоилевски за водство од 0-1. Како одминуваше времето екипата на ЕВН продолжуваше се силниот притисок кон голот на протиникот, а екипата на Окта преку брзи контра напади се закануваше на спротивната страна. Екипата на Окта во 16та минута успеа да израмни на 1-1 со погодокот на Станковиќ а веќе во слендиот напад ЕВН повторно успеа да поведе преку Бадаловски. До крајот на полувремето екипата на Окта успеа да реализира па на паузата екипите заминаа со израмнет резултат од 2-2. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична игра, се играше цврсто на средината на терено. Екипите се обидуваа со голман играч да створат вишок во нападот со цел да дојдат отворени позиции за погодок. До крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа да дојде до водство со вториот погодок на Стоилевски од 2-3, екипата на Окта притисна во предно поле но ЕВН го издржа притисокот и славеше на крајот од овој дуел со 2-3