
Халк Банка 5-6(2-3) ЕЛЕМ
Халк Банка: Мартин Дамевски 7’ Апостол Ангелковски 14’ 25’ 26’ 39’
ЕЛЕМ: Душан Спасеноски 19’ 36’ Шкипирм Руфати 12’ 15’ 27’40’
Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на Халк Банка и ЕЛЕМ, двете екипи одлично го започнаа натпреварот со силна мотивација и офанзивна игра. Екипата на Халк Банка преку Дамевски успеа да реализира во 7та минута и да поведе со 1-0, ЕЛЕМ во 12та успеа да израмни на 1-1 а преку вториот гол на Руфати успеа да дојде до целосен ресултатски пресврт и водство од 1-2. Екипата на Халк Банка преку Ангелковски успеа да израмни на 2-2 но до крајот на полувремето ЕЛЕМ успеа да преку Спасеновски да поведе со 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија со егал натпревар и се менуваа во водството до 27та минута екипите имаа резултат од 4-4. Во втората половина на второто полувреме кај екипата на ЕЛЕМ во игра влезе Ристо Стефнаовски кои донесе нова свежина во својата екипа, па од таму екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до предност од еден погодок. Екипата на Халк Банка успеа да дојде до ново израмнување на 5-5. Во самата завршница екипата на ЕЛЕМ преку Руфати секунди пред крајот успеа да реализација и гол за победа од 5-6.