
ЕЛЕМ 9-2(5-2) Нетцетера
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 15’ 16’ 26’ 38’ Душан Спасеновски 11’ 28’ 39’ Тихомир Груевски 12’ Шкиприм Руфати 17’
Нетцетера: Теодор Димитровски 6’ Кирил Костов 2’
Одличен почеток за екипата на Нетцетера во дуелот со ЕЛЕМ, ти на самиот почеток на натпреварот имаа одлична игра па преку Костов го отворија резултатот уште во 2та минута преку Костов. На Костов му се приклучи и Димитровски во 6та минута за зголемување на водството на 0-2. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови па во 11та и 12та минута преку Груевски и Спасеновски успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2. До полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и солидна предност од 5-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одличната реализација па успеа да ја зголеми резултатксата предност на 7-2. Екипата на Нетцетера се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на ЕЛЕМ го имаше времето како сојузник па на крајот од овој дуел славеше со 9-2.