
Киел 5-11(2-3) Фабрика Карпош
Киел: Мартин Михајловски 26’ 34’ 40’ Душко Димитријевски 17’ Роберт Дамески 19’
Фабрика Карпош: Никола Шишковски 30’ 31’ Филип Илиевски 6’ 9’ 23’ 27’ 33’ 38’ Оливер Бошковски 14’ Бојан Талевски 37’ 40’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Киел и Фабрика Карпош, екипата на Фабрика Карпош започна со силен притисок од самиот старт на натпреварот. Ваквата офанзвна игра им донесе предност од 0-2 со два погодоци на Илиевски до 9та минута. По оваа негатива екипата на Киел се обиде со по отворена игра да дојде до изгледни шанси за гол, но Фабрика Карпош ја искористи оваа игра за преку брзи контра напади да ја зголеми резултатската предност на 0-3. До крајот на полувремето екипата на Киел ги консолидира своите редови и успеа да намали на 2-3 резултат со кои се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош продолжи со одличната игра па до 33та минута успеа да зголеми на 3-8 и да направи разлика од 5 погодоци. Екипата на Киел се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош не дозволуваше изнендување а преку расположениот Илиевски успеваше да реализира за победа во овој дуел со 5-11.