
Кромберг и Шуберт 2-2(1-0) Халк Банка
Кромберг и Шуберт: Милан Тодоровски 7’ Давид Денковски 25’
Халк Банка: Дарко Крстевски 39’ Влатко Блажевски 32’
Цврсто и израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Кромберг и Шуберт и Халк Банка, двете екипи настапија со цврста игра во одбраната и своите шанси ги бараа преку брзи контра напади. Екипата на Кромберг и Шуберт прва го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Тодоровски што ја примора екипата на Халк Банка да го подигне темпото на игра и да настапи по офанзивно. Ваквата игра на Халк Банка и донесе неколку одлични шанси но Кромберг и Шуберт одлично ја поставија играта во одбраната и не дозволуваа лесен погодок па на паузата заминаа со предност од 1-0. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра и двете екипи играа на раб на фаул, како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра. Екипата на Кромберг и Шуберт успеа да го зголеми водството на 2-0 што ја примора екипата на Халк Банка да го брза резултатот. Екипата на Халк Банка искористи играч повеќе по груб старт на противникот па во 32та минута преку Блажевски реализираше за 2-1 и само еден гол негатива. До крајот на овој натпревар екипите игра цврст фудбал, екипата на Халк Банка во 39та минута успеа да го израмни резултатот на 2-2 преку пенал и ја направи завршницата вистинска драма. На крајот од овој дуел екипите ги поделија бодовите.