Ливрински со шест гола му донесе победа на ЈСП во дуелот со Аџибадем Систина

ЈСП 14-6(7-2) Аџибадем Систина

ЈСП: Тихо Фидановски 4” 12”, Љупчо Павловиќ 6” 34”, Васко Мирчевски 8”, Гоце Крстевски 11”, Дарко Патров 15” 33”, Мартин Ливрински 19” 21” 24” 32” 36” 40”
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 1” 2” 26”, Диме Стевсковски 26” 32”, Злате Бошковски 40”

Во крајно динамичен натпревар со отворен фудбал екипите на ЈСП и Аџибадем Систина го отворија мечот. Се играше офанзивен фудбал и на двете страни. Екипите беа исклучително офанзивно насочени со целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра екипата на ЈСП во првото полувреме успеа да стекне предност од 7-2.
Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина имаше нешто подобра реализација со што се обиде да фати резултатски приклучок, но во тие моменти кај ЈСП проработе Ливрински кој со пет гола успеа да ја одржи предноста на ЈСП стекната во првото полувреме, и со таквата реализација ЈСП на крајот славеше со резултат 14-6.