
Матрикс 5-6(3-3) Лукоил
Матрикс: Виктор Петровски 2” 5” 11” 40”, Тони Брњарчевски 32”
Лукоил:Александар Георгиевски 5” 8”, Горан Стојанов 14” 24”, Петар Лефков 33”, Марио Антовски 40”
Крајно трвд и неизвесен натпревар одиграа екипите на Матрикс и Лукоил. Од самиот почеток и двете екипи играа цврсто во одбраната со пресинг игра по целиот терен. Кај екипата на Матрикс полувремето го одбележа Виктор Петровски кој успеа да постигне дури три гола, со кој Матрикс беше во константно водство. Екипата на Лукоил преку дуото Георгиевски – Стојанов успеа да го израмни резултатот и изброи реми на полувремето од 3-3.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. Се играше гол за гол. И двете екипи беа максимално посветени и борбени, оставајќи го срцето на терен. Победникот се одлучуваше буквално во последните секунди од натпреварот, и истиот го одлучија нианси. Вечерва среќеата беше на страната на Лукоил која го доби овој натпревар со 6-5.