
Атлантик Груп 3-8(1-3) Лукоил
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 26” Благојче Јовчевски 11’ Валентино Трајковски 32’
Лукоил: Петар Лефков 6’ 16’ 18’ 24’ 28’ Лоренцо Николовски 27’ Гоце Мојсоски 35” Давид Тренчев 39’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и Лукоил, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар. Екипата на Лукоил успеа да искористи одлична шанса во 6та минута и со погодокот на Лефков да поведе со 0-1, екипата на Атлантик Груп во 11та минута преку Јовчевски успеа да израмни на 1-1 во 11та минута. Во втората половина на полувремето екипите играа цврсто и со удари од далечина се обидуваа да го изнендат противникот, ова и успеа на екипата на Лукоил во 16та минута со вториот погодок на Лефков резултат со кој се замина на паузата. До крајот на полувремето екипите успеаа да реализираат по еден погодок кај Атлантик Груп стрелаше Јовчевски, а кај Лукоил Лефков постигна хет трик за 1-3 на полувремето. Во второто полувреме екипите започнаа со нешто по отворена игра екипата на Атлантик Груп успеа преку Тодоровски да намали но екипата на Лукоил со одлична игра не дозволуваше изненадување. Денеска кај Лукоил блесна Лефков кој секоја шанса за погодок успеа да ја искористи. До крајот на натпреварот екипата на Атлантик Груп се обидуваше да дојде до изненадување но Лукоил ја сочува предноста, ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој дуел славеше со 3-8.