
Лукоил 7-3(3-1) Фабрика Карпош
Лукоил: Иван Стојчев 32’ Лоренцо Николоски 8’ Петар Лефков 9’ 10’ 35’ 37’ Давид Тренчев 30’
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 33’ Оливер Бошковски 19’ Тони Котев 24’
Натпревар во висок ритам на игра започнаа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош, екипите уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра . Екипите иако имаа одлични шанси одбраните беа одлично поставени и не дозволуваа лесни погодоци. Екипата на Лукоил успеа да искористи грешка во одбраната на противникот па до 8та минута преку Николовски и Лефков успеа да дојде до предност од 2-0. Екипата на Фабрика Карпош денеска беше во скратен состав што екипата на Лукоил успеа да го искористи во првото полувреме и стекне предност од 3-1 со која замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одличната игра и добрата реализација. Екипата на Фабрика Карпош во второто полувреме се обиде со голман играч да дојде до вишок во нападот со кој ке успее да ја намали негативата. Екипата на Фабрика Карпош преку Котев и Илиевски ја намали резултатската негатива, но Лукоил успеа да ја сочува предноста и преку Лефков кој постигна 4 погодоци успеа да дојде до сигурна победа од 7-3.