Лукоил со одлично прво полувреме до победата над LC Waikiki

Лукоил 5-2(4-0) LC Waikiki

Лукоил: Иван Стојчев 6’ Петар Лефков 8’ Димче Андов 3’ 15’ 31’
LC Waikiki: Мустафа Мустафа 22’ Есер Сулејмани 37’

Одлично прво полувреме за екипата на Лукоил во дуелот со LC Waikiki, тие имаа одличен почеток и со погодок уште во 3та минута успеаа да поведат со 1-0. Екипата на LC Waikiki се обидуваше со брзи контра напади да дојде до израмнување но Лукоил ги затвори пристапите кон својот гол, а на спротивната страна имаше одлична реализација па до 8та минута успеаа да дојдат до поволен резултат од 3-0. До крајот на полувремето екипата на LC Waikiki се обидуваше да најде простор и да реализира на спротивната страна, но не успеа во тоа па Лукоил на паузата замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Лукоил ја смири играта, екипата на LC Waikiki се обидуваше со висок пресинг да дојде до позиција да се закану кон голот на противникот. Екипата на LC Waikiki успеа да реализира два погодоци преку Мустафа и Сулејмани, но екипата на Лукоил одлично одигра во завршницата и на крајот од овој дуел славеше со 5-2.