
А1 3-4(2-3) Лукоил
А1: Кристијан Карулевски 3’ 13’ Стефан Петровски 40’
Лукоил: Лоренцо Николовски 19’ Петар Лефков 22’ Андреј Симоновски 1’ Даниел Стојановски 9’
Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со А1 тие уште во првата минута преку Симоновски успеаа да поведат со 0-1. Екипата на А1 имаше брз одговор па преку Карулевски во 3та минута успеа да израмни на 1-1. По овие иницијални погодци екипите ја смирија играта и играа егал натпревар на теренот се до 9та минута кога Лукоил преку Стојановски успеа да дојде до повторно водство од 1-2. Екипата на А1 преку вториот погодок на Карулевски успеа повторно да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да реализира па на паузата замина со гол предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на А1 се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот со чести ротации ја одржуваше свежината во својот тим и често се закануваше кон голот на портивникот. Екипата на Лукоил успеа преку Лефков да поведе со 2-4, што ја примора екипата на А1 да игра уште по офанзивно. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил ја сочува предноста и на крајот од овој дуел славеше со 3-4.