
ЕЛЕМ 6-8(4-4) Лукоил
ЕЛЕМ: Ристо Стефанов 13’ Душан Спасеноски 3’ 5’ Тихомир Груевски 4’ 23’ Шкиприм Руфати 27’
Лукоил: Лоренцо Николоски 35’ Петар Лефков 13’ 16’ 37’ 40’ Димче Андов 15’ 29’ Даниел Стојановски 11’
Деветнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Лукоил, екипата на ЕЛЕМ имаше одличн почеток во овој дуел па уште во раната фаза успеа да поведе со 1-0 со погодкот на Спасеновски во 3та минута од полувремето. Ова рано водство им даде ветер во грб па до 5та минута успеаа да дојдат до предност од 3-0. По ова рано водство на противникот екипата на Лукоил започна со по отворена игра користејќи го својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот и да ја намали резултатската негатива. Оваа тактика се покажа како успешна па екипата на Лукоил успеа до 16та минута да дојде до израмнување на резултатот на 4-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична игра, екипата на ЕЛЕМ успеа повторно да дојде до предност од 6-4, по оваа негатива екипата на Лукоил продолжи со офанзивна игра и успеа повторно да дојде до израмнување на резултатот на 6-6 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Лукоил успеа преку Лефков да направи целосен резултатски пресврт и да слават во овој дуел со 6-8.