Макпетрол со одлична реализација до победа над Кромберг & Шуберт

Макпетрол 6-3(2-1) Кромберг & Шуберт

Макпетрол: Филип Митков 6’ 21’ Горан Новаковски 14’ 35’ Никола Секуловски 26’ Давид Митровски 31’
Кромберг & Шуберт: Јован Павловски 38’ Иве Трифуновски 29’ Александар Крстевски 19’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Кромберг & Шуберт, двете екипи на овој натпревар настапија со отворена игра. Екипата на Макпетрол имаше одличен почеток користејќи исклучување кај противникот први со погодокот на Митков го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Екипата екипата на Кромберг & Шуберт се обиде со брзи контра напади да дојде до израмнување но Макпетрол ја искористи отворената игра за зголемување на водството на 2-0 со погодокот Новаковски. До крајот на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт вршеше силен притисок но Макпетрол ја смитри играта и со точни подавања на теренот ја чекаше својата шанса. Сепак во последните минути екипата на Кромберг & Шуберт успеа да ја најде празнината во одбраната на Макпетрол и да намали на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макпетрол имаше одличне почеток и во првата минута од полувремето успеа да поведе со 3-1. Екипата на Кромберг & Шуберт не успеваше да најде против игра за расположените Макпетрол кои во 26та минута од второто полувреме успеаа да зголемат на 4-1. Екипата на Кромберг & Шуберт успеа да искорити играч повеќе за да ја ублажи резултатската негатива, но Макпетрол денеска имаше одлична игра не дозволи изненадување и на крајот од овој дуел славеше со 6-3.