Макстил со одлична завршница до реми со Алкалоид

Алкалоид 3-3(3-1) Макстил

Алкалоид: Синиша Птковски 5’ Дарко Петрушевски 13’ Никола Спасовски 9’
Макстил: Бојковски Бобан 17’ Алкесандар Божинов 37’ Армандо Алиевиќ 37’

Одличн почеток за екипата на Алкалоид во дуелот со Макстил, тие уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе водство во раната фаза. Кај Алкалоид во 5та минута Петковски стрелаше за 1-0 што ја примора екипата на Макстил да ја зацврсти играта во одбраната и да нападне во предно поле, ваквата игра ја искористи Алкалоид за преку голманот од далечина да зголеми на 2-0. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден гол па на паузата се замина со резултат од 3-1. Во второто полувреме екипите продолжија со цврста игра, екипата на Макстил вршеше силен притисок кон голот на Алкалоид кој одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. Како одминуваше времето екипите го зголемуваа темпото на игра, екипата на Макстил во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и почесто да се заканува кон голот на противникот. Ваквата тактика им донесе погодок во 37та минута преку Божинов за 3-2 а веќе во следниот напад успеаа да израмнат на 3-3 и да ја направат завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 3-3 екипите ги поделија бодовите.