Матрикс преку браќата Брњарчевски до победата над ТАВ

ТАВ 7-8(3-4) Матрикс

ТАВ: Седат Сали 12’ Алмир Имер 26’ Јованче Видински 6’ Сеат Демири 21’ 40’ 40’ Онур Хасан 4’
Матрикс: Драган Брњарчевски 1’ 5’ 30’ 37’ Ивица Алампиоски 4’ Тони Брњарчевски 10’ 25’ 31’

Дваесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ТАВ и Матрикс, екипата на Матрикс одлично го отвори натпреварот со погодок во раната фаза. Екипата на ТАВ успеа да изкористи грешка во одбраната на Матрикс па во 4та минута успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Матрикс успеа да створи предност од 1-3, ова ја примора екипата на ТАВ да започне со силен притисок во предно поле па успеа да намали на 2-3. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да одржи еден гол предност и на паузата замина со предност од 3-4. Во второто полувреме екипата на ТАВ дојде до израмнување на резултатот во 21та минута, а само две минути подоцна успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт и предност од 5-4. Екипата на Матрикс во завршницата на овој натпревар успеа да ги косолидира своите редови да искористи пад кај екипата на ТАВ и да дојде до предност од еден погодок и да слави во овој дуел со 7-8.