Матрикс преку пеналите до победата над Алкалоид и влез во Ф4

Алкалоид 1-1(0-0) Матрикс (2-3 по пеналите)

Алкалоид: Никола Спасовски 28’
Матрикс: Даниел Боневски 22’

Прво полувреме во високо темпо на игра ни прикажаа екипите на Алкалоид и Матрикс, и двете екипи од самиот старт наметаа офанзивна игра. Екипата на Алкалоид од самиот старт на натпреварот го користеше својот голман како голман играч со цел да дојде до вишок во нападот, но екипата на Матрикс со цврста одбрана и со брзи контра напади се обидуваше да реализира на спротивната страна. Како одминуваше времето екипите се почесто се закануваа кон голот на противникот, но до полувремето ниту една од екипите не успеа да дојде до резултатска предност. Во второто полувреме екипата на Матрикс преку Боневски успеа да дојде до предност од 0-1, екипата на Алкалоид успеа преку Спасовски да израмни на 1-1 па завршницата на одовј натпревар беше вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да реализира па пеналите го одлучија победникот. Екипата на Матрикс имаше подобра реализација па преку пеналите успеаа да си обезбедат влез во Ф4.