Матрикс со сигурна игра до победата над ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 2-5(0-2) Матрикс

ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 39’ Александар Наумовски 31’
Матрикс: Драган Брњарчевски 30’ 40’ Ивица Алампиоски 12’ 34’ Даниел Крстевски 4′

Дваесет и второто коло го отворија екипите на ВДЛ Ван Хоол и Матрикс, двете екипи со цврста игра на средината на теренот чекаа грешка на противникот за брза реализација. Екипата на Матрикс прва го отвори резултатот во 4та минута со погодокот на Крстевски. Како одминуваше времето екипата на Матрикс успеваше да има подобра игра и завршница што се одрази на резултатот 0-2 на полувремето. Екипата на Матрикс во второто полувреме продолжи со одлична игра и успеа да зголеми на 0-3, по оваа негатива екипата на Ван Хоол успеа да ги консолидира своите редови и намали на 1-3. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Матрикс ја одржуваше предноста и не дозволуваше изненадување. Од другата страна екипата на Ван Хоол иако имаше одлични шанси имаше слаба реализација па на крајот од овој дуел Матрикс славеше со 2-5.