
Лукоил 8-5(3-1) Нетцетера
Лукоил: Лоренцо Николовски 9’ 39’ Петар Лефков 6’ 30’ 36’ Димче Андов 13’ 26’ 39’
Нетцетера: Теодор Димитровски 11’ 34’ Евгениј Костадинов 24’ Филип Савевски 29’ Кирил Костов 35’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Нетцетера, двете екипи играа одличен фудбал со цврста одбрана и брзи контра напади. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Лефков. Три минути подоцна на Лефков му се приклучи и Николовски за зголемување на водството на 2-0. Екипата на Нетцетера искористи грешка во одбраната на противникот па во 11та минута успеа да намали на 2-1 со погодокот на Димитровски. До крајот на полувреме екипата на Лукоил успеа да ја сочува предноста и преку Андов успеа да зголеми на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Нетцетера во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нпадот и да изврши притисок во предно поле, ова се покажа како правилна одлука па успеаа да дојдат до само гол негатива во 29та со погодоците на Костадинов и Савевски. Во завршницата на натпреварот екипата на Нетцетера прикажа одлична игра и успеа да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Лукоил успеа искусно да го искористи падот во концентрацијата на противникот за со три брзи погодци да ја осигура победата со резултат од 8-5.