Нетцетера со пресврт до победата над Стопанска Банка

Стопанска Банка 3-5(2-1) Нетцетера

Стопанска Банка: Кристијан Богдановски 12’ Дејан Ангеловски 20’ Филип Цветковиќ 27’
Нетцетера: Мирослав Радиќ 15’ 29’ 40’ Мартин Јовановски 30’ Теодор Димитровски 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и Нетцетера, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со офанзивна игра. Екипите со брзи и точни додавања доаѓаа до изгледни шанси за погодок но изостануваше силна завршница па мрежите мируваа. Екипата на Нетцетера го започна натпреварот со голман играч што им донесе предност во нападот но ги остави ранливи во одбраната што Стопанска Банка го искористи за преку Богдановски во 12та минута да повде со 1-0. Екипата на Нетцетера во 15та минута со погодокот на Радиќ ја врати неизвесноста во полувремето, но во самата завршница на полувремето екипата на Стопанска Банка преку Ангелковски успеа да поведе со 2-1 резултат со кој е замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Нетцетера успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2, екипите продолжија со егал игра и реализираа на двете страни што ја направи завршницата на овој натпревар доста интересна. Во ваквата завршница екипата на Нетцетера имаше подобра реализација па на крајот од овој дуел славеше со 3-5.