Нетцетера со пресврт успеа да слави над Леорон

Нетцетера 5-4(2-4) Леорон

Нетцетера: Ѓорѓи Марков 19’ 20’ Теодор Димитровски 22’ 29’ Мирослав Радиќ 30’
Леорон: Дин Шеху 11’ Едмонд Мемети 2’ Аддас Рамадани 15’ Астрит Имери 6ќ

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Нетцетера и Леорон , екипите настапија со отворена игра и од самиот старт на натпреварот започнаа со одлични шанси кон противничкиот гол. Екипата на Леорон прва го отвори резултатот со погодокот на Мемети уште во втората минута од полувремето, по оваа негатива екипата на Нетцетаера започна со силен притисок со цел да дојде до погодок за израмнување. Ваквата отворена игра ја искористи Леорон за преку Имери во 6та минута да зголеми на 0-2. Како доминуваше времето екипата на Леорон успеваше да ги искористи своите шанси и да створи предност од 0-4. До крајот на полувремето екипата на Нетцетера ги консолидира своите редови и со два погодоци на Марков успеа да намали на 2-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Нетцетера продолжи со одлична игра, тие во своите редови внесоа голман играч и успеаа да дојдат до само еден гол негатива со погодокот Димитровски во 22та минута. Екипата на Нетцетера со вториот погодок на Димитровски успеа да дојде до израмнување на резултатот на 4-4 и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Нетцетера успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и да слави во овој дуел со резултат од 5-4.