
А1 4-5(3-4) Нетцетера
А1: Стефан Петровски 20’ Фати Јахи 16’ Коте Јанакиевски 15’ Кристијан Коруновски 24’
Нетцетера: Теодор Димитровски 10’ 17’ 18’ 30’ Филип Савевски 7’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на А1 и Нетцетера двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани и атакуваа на бодовите. Во првата половина од полувремето екипата на Нетцетера успеа да реализира два погодоци преку Савевски во 7та минута и Димитровски во 10та, ова ја примора екипата на А1 да ја зацврсти играта во одбраната и со контра напади почесто да се заканува кон голот на противникот. До 16та минута од полувремето екипата на А1 успеа да дојде до израмнување на резултатот преку погодоците на Јанакиевски и Јахи во 15та и 16та минута. Сепак до крајот на полувремето екипата на Нетцетера успеа да одржи минимална предност и на паузата заминаа со резултат од 3-4. Во второто полувреме екипата на А1 преку Коруновски успеа да израмни на 4-4 и да ја врати неизвесноста во натпреварот . Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница подобра реализација имаше екипата на Нетцетера што ја примора екипата на А1 со голман играч да се обиде да дојде до израмнување на резултатот, но Нетцетера ја сочува предноста и славеше со 4-5.