Николовски стрелаше за победа над Лукоил во дуелот со Аџибадем Систина

Лукоил 3-2(1-1) Аџибадем Систина

Лукоил: Лоренцо Николовски 21’ 40’ Даниел Стојановски 17’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 22’ Бошко Златко 10’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Аџибадем Систина, двете екипи влегоа силно мотивирани во овој дуел и со цврста игра. Екипата на Аџибадем Систина во 10та минута од полувремето успеа да го изненади противникот со погодокот на Бошковски, по оваа негатива екипата на Лукоил започна со силен притисок кон голот на портивникот. Екипата на Аџибадем Систина успеаваше да го издржи притисокот кој Лукоил го вршеше се до 17та минута од полувремето кога преку Стојановски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но до паузта ниту една не успеа резултатски да се одвои. Во второто полувреме екипата на Лукоил успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1 со погодокот на Димковски. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра, екипата на Аџибадем Систина се закануваше кон голот на противникот и успеа да ја врати резултатската неизвесност и да израмни на 2-2. Во самиот крај на натпреварот екипата на Лукоил успеа да реализира погодок преку Николовски и да слави во овој дуел со резултат од 3-2.