Нијансите го одлучија победникот Алкалоид славеше над ВДЛ Ван Хоол

Алкалоид 4-3(0-1) ВДЛ Ван Хоол

Алкалоид: Бобан Трајковски 21’ Христијан Ангеловски 26’ Кристијан Патров 28’ 35’
ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 36’ Александар Наумовски 24’ Александар Блажевски 2’

Одличен старт за екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Алкалоид, тие на самиот старт на полувремето уште во 2та минута преку блажевски успеаа да го изненадат противникот и да поведат со 0-1. Екипата на Алкалоид по оваа негатива ја зацврсти играта во средината на теренот и често се закануваше кон голот на противникот, но ВДЛ Ван Хоол одлично ја постави одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се закануваа кон голот на противникот, но голмани беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. На полувремето екипата на ВДЛ Ван Хоол замина со минималната предност од 0-1. Во второто полувреме екипата на Алкалоид успеа н самиот почеток да дојде до израмнува ње на резултатот со погодокот на Трајковски, а три минути подоцна екипата на ВДЛ Ван Хоол успеаа повторно да ја вратат преднсота на своја страна и да поведат со 1-2. Како оминуваше времето екипата на Алкалоид се почесто се закануваше кон голот на противникот, па успеаа до 28та минута да дојдат до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2. До крајот на натпреварот се играше егал, и двете екипи имаа одлични шанси за реализација, но нијансите го одлучија победникот па Алкалоид славеше со резултат од 4-3.