
Леорон 8-10(3-6) Окта
Леорон: Јатмир Брути 27’ Дин Шеху 30’ Едмонд Мемети 36’ Аддас Рамадани 3’ 9’ 28’ 35’ Астрит Имери 20’
Окта: Живко Котевски 16’ Александар Јовчевски 23’ Бојан Станковиќ 11’ 13’ 32’ Младен Спасовски 20’ Иван Мицевски 2’ Борче Бојковски 9’ 29’ 36’
Интересно прво полувреме прикажаа екипите на Леорон и Окта, двете екипи во овој дуел настапија со отворена и офанзивна игра. Екипата на Окта прва го отвори резултатот во 2та минута минута со погодокот на Мицевски, Леорн веќе во следната минута возврати и израмни на 1-1. Леорон преку Рамадани во 9та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и поведе со 2-1, но Окта брзо возврати па до 11та минута дојде до повторно водство од 2-3. До крајот на полувремето екипата на Окта ја имаше контролата врз играта и одлична реализација па на паузата замина со солидна предност од 3-6. Во второто полувреме екипата на Окта прикажа одлична игра и успеваше да ја одржи резултатската предност, екипата на Леорон вршеше силен притисок кон голот на противникот и успеа резултатски да се доближи на само 2 гола негатива во завршницата на дуелот што го направи крајот на мечот доста динамичен. Во ваквата завршница екипата на Окта искусно со одлично поставена одбрана успеа да ја сочува предноста и да слави на крајот од овој дуел со 8-10.