Окта преку Мицевски ја осигура победата над ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 2-4(0-1) Окта

ВДЛ Ван Хоол: Александар Наумовски 28’ 35’
Окта: Иван Мицевски 9’ 24’ 40’ Борче Бојковски 36’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и Окта, двете екипи влегоа во овој дуел силно мотивирани со офанзивна игра. Екипата на Окта прва го отвори резултатот во 9та минута со погодокот на Мицевски и поведе со 0-1, екипата на ВДЛ Ван Хоол по оваа негатива притиснаа во предно поле со цел да дојде до погодок за израмнување. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол се обидуваше да дојде до погодок за израмнување но екипата на Окта одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи такво нешто па на полувремето замина со предност од 0-1. Во второто полувреме екипата на Окта успеа да го зголеми резултатот по изведен пенал и зголеми на 0-2, екипата на ВДЛ Ван Хоол беше приморана да направи тактички измени во својата игра и со по офазивна игра да се заканува кон голот на противникот. Ова вроди со плод во 28та минута кога преку голманот Наумовски успеа да го изненади противникот и да намали на само гол негатива. Во 35та минута екипата на ВДЛ Ван Хоол со вториот погодок на голманот Наумовски го израмни резултатот на 2-2 и ја врати неизвесноста во финишот на овој натпревар. Во ваквата завршница екипата на Окта успеа да реализира два погодоци и да слави на крајот од овој дуел со 2-4.