Окта ја сочува предноста од првото полувреме и славеше над А1

Окта 7-4(5-2) А1

Окта: Живко Котевски 7’ Владислав Илиќ 3’ Иван Мицевски 4’ 11’ 13’ 27’ 30’
А1: Ивица Ѓоргиев 27’ Ненад Трајков 36’ Марко Недески 4’ 19’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Окта и А1, двете екипи силно мотивирани атакуваа на победата. Екипата на Окта прва го отвори резултатот со погодокот на Илиќ а кратко потоа преку Котевски успеа да зголеми на 2-0. Екипата на А1 по оваа негатива успеа да намали на 2-1 Недески, но Окта одлично ја постави играта во одбраната и преку контра напади често се закануваше кон голот на противникот. Ваквата игра на Окта и донесе предност од 5-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на А1 се обиде и имаше неколку одлични погодоци, но екипата на Окта успеваше да ја одржува високата предност од првото полувреме. Окта ја смири играта на теренот со одлично поставена игра и имаа контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој дуел славеа со 7-4