Петрушевски ја водеше екипата на Алкалоид до победата над ЕЛЕМ

Алкалоид 10-5(4-2) ЕЛЕМ

Алкалоид: Стефан Димовски 17’ 38’ Мартин Трифунов 19’ Дарко Петрушевски 11’ 15’ 27’ 39’ Никола Спасовски 27’ 29’ Кристијан Патров 35’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 36’ Душан Спасеноски 30’ Тихомир Груевски 14’ 16’ Шкиприм Руфати 24’

Одлично прво полувреме прикажаа екипите на Алкалоид и ЕЛЕМ, двете екипи од самиот старт започнаа со отворена игра и ги користеа своите голмани како голман играч. Двете екипи често се закануваа кон голот на противникот но изостануваше силна реализација, како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и екипите се почесто доаѓаа до изгледни шаниси. Екипата на Алкалоид во 11та минута го отвори резултатот со погодокот на Петрушевски успеа да го отвори резултатот и поведе со 1-0, ова на екипата на Алкалоид и даде дополнителен мотив за да притисне уште посилно кон голот на противникот. Ваквата отворена игра ја искористи ЕЛЕМ за преку Груевски да дојде до погодок за израмнување на резултатот на 1-1 во 14та минута од полувремето. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но екипата на Алкалоид имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Алкалоид успешно ја одржуваше предноста и не дозволуваше на ЕЛЕМ резултатски да се доближи. Екипата на Алкалоид со чести ротации ја одржуваше свежината во тимот и со високо темпо на игра успеваше да дојде до одлична реализација. Екипата на ЕЛЕМ вршеше силен притиоск кон голот на Алкалоид во завршницата на натпреварот но тие одлично ја поставија одбраната и на крајот од овој дуел славеа со 10-5