Преку пенал завршница Макстил ја совлада Нетцетера за влез во Ф8

Нетцетера 3-3(2-1) Макстил 5-6 по пеналите

Нетцетера: Теодор Димитровски 1’ 39’ Мирослав Радиќ 3’
Макстил: Неделковски Бојан 27’ Божинов Александар 19’ Мухамед Исмаиљи 35’

Одличен почеток за екипата на Нетцетера во дуелот со Макстил тие уште на самиот старт на полувремето успеаа да искористат две грешки кај противникот и преку Димитровски и Радиќ до 3та минута успеаа да дојдат до предност од 2-0. Екипата на Нетцетера со голман играч од самиот старт наметна отворена игра, екипата на Макстил беше приморана да направи тактички измени и истурени во нападот се почесто се закануваа кон голот на противникот. Ваквата офанзивна игра им донесе погодок во завршницата на полувремето преку Божинов и резултат од 2-1 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макстил ги консолидира своите редови и со голман играч во игра успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2 во 27та минута со погодокот на Неделковски. Ова им даде дополнителен мотив па преку Исмаиљи успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт во 35та минута. Екипата на Нетцетера во последните минути од натпреварот фрли се на една карта во нападот и успеа да дојде до погодок за израмнување 3-3. На крајот во овој дуел екипата на Макстил имаше подобра реализација во пеналите и со тоа си обезбеди влез во следната фаза.