
СИГАЛ Иншуренс Груп 10-1(4-0) Окта
СИГАЛ Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 20’ 26’ Анди Нухиу 7’ 11’ 19’ 38’ Фисник Нухиу 23’ 30’ 36’ Шабан Чупи 39’
Окта: Борче Бојковски 39’
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Окта, двете екипи силно мотивирани влегоа воовој натпревар и со отворена игра често се закануваа кон противничкиот гол. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп прва го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Нухиу, а само неколку минути подоцна Анди повторно стрелаше за зголемување на водството на 2-0. Екипата на Окта се обиуваше со брзи контра напади и удари од далечина резултатски да се врати во натпреварот но СИГАЛ Иншуренс Груп одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци па на паузата замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп продолжи со одличната игра, екипата на Окта се обидуваше да се врати во натпреварот користејќи го својот голман како голман играч но предноста која ја имаше СИГАЛ Иншуренс Груп не беше лесно достижна. Екипата на Окта се обиде со голман играч да дојде до поволна позиција за намалување на негативата, но СИГАЛ Иншуренс Груп ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот од овој дуел славеше со 10-1.