СИГАЛ Иншуренс Груп со одлична реализација до победа над ЕВН и влез у Ф4

СИГАЛ Иншуренс Груп 8-1(3-0) ЕВН

СИГАЛ Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 25’ Аднан Лимани 26’ Беким Љута 4’ 34’ Ербин Даци 1’ 6’ 38’ 40’
ЕВН: Хамза Јашари 26’

Екипата на ЕВН го отвори натпреварот со голман играч со цел да створи вишок во нападот и да се обиде да ја изненади екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во првиот натпревар во Ф8 фазата, СИГАЛ Иншуренс Груп успеа уште во првата минута преку Даци да го изненади противникот и да поведе со 1-0. Ова рано водство дополнително ја мотивираше екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп која во 4 и 6та минута преку Јута и Даци да зголеми на 3-0. Ова ја примора екипата на ЕВН да направи тактички измени и да ја заврсти играта во одбраната, а преку брзи контра напади да се обиде да реализира на спротивната страна. Екпата на ЕВН успеа со ваквата поставеност да го одбие налетот на екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп да ја смири играта и се почесто да се заканува кон голот на противникот. До крајот на полувремето екипата на ЕВН не успеа да реализира па екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп замина на паузата со предност од 3-0. СИГАЛ Иншуренс Груп. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп продолжи со одличната игра и успеа да ја золеми предноста на 4-0, екипата на ЕВН преку 26та минута преку Јашари успеа да намали на 4-1. Сепак екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во финишот од натпреварот ја смири играта, ја имаше контролата врз играта и резултатот во овој меч и успеаа да слават со сигурна победа од 8-1.