
СИГАЛ Иншуренс Груп 8-2(5-1) Матрикс
СИГАЛ Иншуренс Груп: Аднан Лимани 9’ Фисник Нухиу 21’ Беким Љута 10’ Ербин Даци 4’ 5’ 6’30’ 32’
Матрикс: Тони Брњарчевски 16’ Даниел Боневски 35’
Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп одлично го отвори натпреварот против Матрикс, тие уште на самиот старт преку Даци со 3 погодоци успеаа да стекнат солидна предност од 3-0. Како одминуваше времето екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп продолжи со одличната игра со цврста одбрана и брзи контри успеваше да ја зголемува предноста која до 10та минута изнесуваше 5-0. Во 16та минута екипата на Матрикс преку Брњарчевски успеа да намали на 5-1 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп продолжи со одличната игра и зголемување на резултатската предност. Екипата на Матрикс не успеваше да најде решение за денес расположените СИГАЛ Иншуренс Груп кои славеа на крајот од натпреварот со 8-2.