
Сигал Иншуренс Груп 5-4(4-1) ТАВ
Сигал Иншуренс Груп: Анди Нухиу 15’ 28’ Фисник Нухиу 7’ Беким Љута 18’ Шабан Чупи 11’
ТАВ: Алексо Новевски 22’ Алмир Имер 40’ Ивица Продановски 4’ Онур Хасан 40’
Натпреварот за третото место во Бизнис лигата на Македонија го отвори екипата на ТАВ, која успеа да ја изненади одбраната на Сигал Иншуренс Груп и по само четири минути да дојде до водство од 0-1. Во тие моменти, екипата на Сигал Иншуренс Груп изврши притисок во предното поле и преку Нухиу Фисник успеа да изедначи на 1-1. Екипата на ТАВ немаше решение за ваквата поставеност на играта во нападот на Сигал Иншуренс Груп, па Сигал Иншуренс Груп од минута во минута го зголемуваше водството, кое на полувремето изнесуваше 4-1. На стартот од второто полувреме, екипата на ТАВ успеа да намали на 4-2, но Сигал Иншуренс Груп не дозволи ТАВ резултатски да се приближи и преку контранапад успеа да реализира гол за водство од 5-2. Овој резултат остана непроменет сè до самиот финиш, кога ТАВ искористи неколку грешки во одбраната на Сигал Иншуренс Груп и дојде на само еден гол негатива (5-4). Сепак, времето беше сојузник на екипата на Сигал Иншуренс Груп, која успеа да го добие овој натпревар со минимална предност од 5-4 и со тоа да го обезбеди бронзениот медал.