
Алма М 3-5(1-1) Стопанска Банка
Алма М: Муаз Алими 13’ Бесир Абдула 30’ Зеќирија Биљали 40’
Стопанска Банка: Кристијан Апостоловски 22’ Марко Ташков 15’ Дарко Симјановски 24’ 32’ 39’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Алма М и Стопнска Банка, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Екипата на Стопнска Банка прва притисна во предно поле и имаше неколку одлични шанси, но екипата на Алма М одлично ги постави играчите во одбраната и не дозволи лесен погодок. Екипата на Алма М успеа во 14та минута да го изненади противникот со погодокот Алими, екипата на Стопнска Банка имаше брз одговор па преку Ташков во 15та израмни на 1-1. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со 1-1 се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Стопнска Банка успеа да искористи повеќе од своите шанси и зголеми на 1-3 со погодоците на Симјановски и Апостоловски. Екипата на Алма М по оваа негатива успеа да намали на 2-3 во 30та минута со погодокот на Абдула. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Стопнска Банка го издржа притисокот и славеше во овој дуел со резултат од 3-5.