
Стопанска Банка 6-3(2-2) Макстил
Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 39’ Кристијан Апостоловски 22’ 36’ Марко Ташков 37’ Дарко Симјановски 17’ Горан Дековски 1’
Макстил: Етемов Бурхан 16’ Мухамед Исмаили 13’ 24’
Екипите на Стопанска Банка и Макстил од самиот старт на натпреварот влегоа во високо темпо на игра, екипите се обидуваа со брзи контра напади да дојдат до шанси за погодок. Екипата на Стопнска Банка успеа да реализира одличне гол по корнер и со погодокот на Дековски во 1та минута успеа да поведе со 1-0. Екипата на Макстил по оваа негатива вршеше силен притисок кон голот на противникот но екипата на Стопанска Банка со одлично поставена одбрана успеваше да се одбрани. Во втората половина на првото полувреме екипата на Макстил успеа да реалзиира но после проверка на ВАР голот беше поништен порати играње со рака. Веќе во следниот напад екипата на Макстил успеа да израмни на 1-1 и да ја направи динамиката на мечот на повисоко ниво. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да реализираат по еден гол и на паузата заминаа со резултат од 2-2. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична игра, се играше цврсто на средината на теренот и двете екипи не дозволуваа противникот резултатски да се одвои. Екипата на Стопнска Банка успеа да поведе во 22та минута со погодокот на Апостоловски, а Макстил возврати во 24та минута со погодокот на Исмаиљи. Во финишот на натпреварот екипата на Стопнска Банка имаше одлична серија на погодоци и до последната минута на натпреварот успеа да дојде до предност од 6-3. Екипата на Макстил не успеа да најде решение за расположените Стопнска Банка кои на кјраот од овој дуел славеа со 6-3.