
Стопанска Банка 6-5(3-2) Кромберг и Шуберт
Стопанска Банка: Дејан Манчевски 39’ Дарко Симјнаовски 8’ 15’ 38’ Кристијан Богдановски 11’ Филип Цветковски 28’
Кромберг и Шуберт: Давор Јовановски 14’ 36’ Милан Тодоровски 24’ Гоце Конески 34’ Давид Денковски 6’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и Кромберг и Шуберт, двете екипи настапија со цврста и офанзивна игра што донесе погодоци на двете страни уште во раната фаза. Екипата на Кромберг и Шуберт го отвори резултатот преку Дековски во 6та минута, но следеше брз одговор па Стопанска Банка во 8та преку Симјнаовски успеа да израмни на 1-1. Во 11та минута екипата на Стопанска Банка преку Догдановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Стопанска Банка успеа да одржи предност од еден погодок па на паузата замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт успеаа да дојдат до израмнување на резултатот во 34та минута од полувремето и да ја направат завршницата вистинска драма. Екипата на Стопнаска Банка во своите редови внесе голман играч со цел да ја врати резултатската предност, но ваквата отворена игра ја искористи екипата на Кромберг и Шуберт за да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 4-5. Во самата завршница на натпреварот екипата на Стопанска Банка со два погодоци во низа успеа да ја врати предноста и да слави на крајот од овој дуел со 6-5.