
НЛБ Банка 3-4 (0-1) Стопанска Банка
НЛБ Банка: Пеце Даиловски 34’; Јовица Блажевски 38’, 39’
Стопанска Банка: Кристијан Богдановски 3’, 30’; Кристијан Апостоловски 22’; Горан Дековски 27’
Банкарското дерби донесе динамичен натпревар, во кој двете екипи уште од самиот почеток настапија со високо темпо и офанзивен пристап. Стопанска Банка прва го отвори резултатот во 3. минута, кога Кристијан Богдановски погоди за водство од 0-1. По раниот погодок, НЛБ Банка се префрли на противничката половина и сè почесто се закануваше кон голот на ривалот.
Сепак, Стопанска Банка одлично ги затвори приодите кон својот гол и преку брзи контранапади се обидуваше да ја зголеми предноста. Благодарение на организираната одбрана и дисциплинираната игра, успеа да ја зачува минималната предност до крајот на првото полувреме, па на паузата замина со водство од 0-1.
Во второто полувреме, Стопанска Банка продолжи со одличната игра и во 22. минута преку Кристијан Апостоловски ја зголеми предноста на 0-2. Само пет минути подоцна, Горан Дековски погоди за 0-3, а во 30. минута Кристијан Богдановски со својот втор погодок донесе убедливо водство од 0-4.
НЛБ Банка не се предаде и во завршницата започна да ја топи негативата. Пеце Даиловски во 34. минута намали на 1-4, а Јовица Блажевски со два погодоци во 38. и 39. минута ја врати неизвесноста, сведувајќи ја разликата на само еден гол. Последната минута донесе вистинска драма, но Стопанска Банка успеа да ја сочува предноста и да стигне до победа од 4-3 во возбудливото банкарско дерби.
Играч на натпреварот: Кристијан Богдановски (Стопанска Банка)