
Лукоил 2-4(1-2) ТАВ
Лукоил: Иван Стојчев 13’ Лоренцо Николовски 40’
ТАВ: Сабри Лесковица 20’ Јованче Видински 3’ 36’ Мартин Атанасовски 35’
Интересен почеток на дуелот помеѓу екипите на Лукоил и ТАВ, екипата на ТАВ уште во 3та минута од полувремето успеа да поведе со 0-1 со погодокот на Видински. Ова ја изненади екипата на Лукоил и ги примора да го подигнат темпото на игра и да започнат со силен притисок кон голот на противникот. Екипата на Лукоил во 13та минута со погодокот на Стојчев успеа да дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Ова ја направи играта на теренот доста интересна, екипите во високо темпо се обидуваа со брзи контра напади да го изненадат противникот и да обезбедат предност на паузата. Екипата на ТАВ во 20та минута од првото полувреме пред судискиот свиреж успеа да реализира преку Ласковица за водство од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи играа егал натпревар, ниту една од екипите не успеа да стекне резултатска предност. Минималнате предност од првото полувреме екипата на ТАВ успеа да ја задржи до 7 минути пред крајот на полувремето коега екипата на Лукоил со голман играч се обиде да го израмни резултатот. Во тие моменти екипата на ТАВ играше рутинирано со долги и смирени напади, успеа да ги искористи грешките кои Лукоил ги направи па преку контра напди успеаа да стекне резултатска предност 1-4. На две минути пред ккрајот на натпреварот екипата на ТАВ остана со играч помалце со што Лукоил успеа да намали на 2-4, но времето беше на страната на екипата на ТАВ која на крајот од овој дуел славеше со 2-4.