
Макстил 4-7(0-3) ТАВ
Макстил: Бојан Неделковски 21’ Лазев Мартин 38’ Бобан Бојковски 37’ Мухамед Исмаиљи 39’
ТАВ: Мирослав Петровски 23’ Јованче Видински 2’ 22’ 32’ Ивица Продановски 19’ Сеат Демири 16’ 34’
Одличен почеток за екипата на ТАВ во дуелот со Макстил тие од самиот старт успеаа да искористат брзи акции и да го изненадат противникот за рано водство. Екипата на ТАВ во 2та минута со погодокот на Видински успеа да поведе со 0-1, по ова рано водство екипата на Макстил започна со силен притисок кон голот на противникот но имаше лоша завршница. Ова го казни ТАВ во 16та минута преку Демири за зголемување на водството на 0-2, а во полседната минута од полувремето успеа и да зголеми на 0-3 преку Продановски резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одличната игра и добрата реализација па дојде до солидна предност од 1-7. Екипата на Макстил во завршницата на натпреварот ја пронајде својата игра и започна да ја топи резултатската негатива, но екипата на ТАВ го имаше времето на своја страна и мирно до крајот на натпреварот ја сочува предноста за победа од 4-7.