
ТАВ 6-3(2-1) Халк Банка
ТАВ: Сабри Лесковица 33’ Ивица Продановски 34’ Сеат Демири 2’ 15’ 31’ 32’
Халк Банка: Игор Стојановски 28’ 40’ Дејан Петкоски 7’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Халк Банка, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипата на ТАВ имаше одличен почеток па уште во 2та минута преку Демири успеа да поведе со 1-0, екипата на Халк Банка по оваа негатива започна со силен притисок кон голот на противникот што им донесе изедначување во 7та минута со погодокот на Петкоски. Во втората половина на полувремето екипите го подигнаа темпото на игра и се почесто доаѓаа до одлични шанси за реализација. До крајот на полувремето екипата на ТАВ преку Демири успеа да зголеми на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Халк Банка притисна во предно поле и успеа во 28та минута да дојде до израмнување на резултатот на 2-2 со погодкот на Стојановски. По ова израмнување екипата на ТАВ имаше одлична серија па за 3 минути со два погодоци на Демири и еден на Ласковица успеа да дојде до солидна предност од 5-2. Екипата на Халк Банка се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но ТАВ одлично ја постави играта во одбраната и преку брзи контра напади успеа да ја осигура победата со резултат од 6-3.