ТАВ со одлична реализација дојде до победата над Тиквеш

ТАВ 14-2(5-1) Тиквеш

ТАВ: Новица Поповски 35’ Сабри Лесковица 28’ 36’ 40’ Сеат Демири 3’ 14’ 16’ 18’ 22’ Мартин Атанасовски 10’ 21’ 26’ 38’ 40’
Тиквеш: Делчо Кировски 23’ Влатко Трпковски 13’

Одличен почеток за екипата на ТАВ во дуелот со Тиквеш, двете екипи во овој дуел влегоа со кратка клупа и без измена. Екипите на теренот прикажаа одлична игра со цврста игра на средината на теренот и брзи офанзивни напади. Екипата на ТАВ прва го отвори резултатот со погодокот на Демири а со поготокот на Атанасовски успеа да зголеми на 2-0. Екипата на Тиквеш во 13та минута преку Трпковски успеа да намали на 2-1 и да ја врати резултатската неизвесност. Сепак до крајот на полувремето екипата на ТАВ ја имаше контролата врз играта и успеа да стекне солидна предност од 5-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одличната игра и преку Демири и Атанасовски од минута во минута ја зголемуваа резултатската предност. Екипата на Тиквеш денеска со скратен состав не успеаваше да најде против игра за расположените ТАВ. До крајот на мечот екипата на ТАВ ја сочува и зголеми предноста за победа во овој дуел со резултат од 14-2.