
Фабрика Карпош 5-5(2-2) Аџибадем Сиситна
Фабрика Карпош: Никола Шишковски 10’ 39’ Бојан Талески 3’ 29’ 40’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 40’ Кристијан Димковски 37’ Бошковски Златко 12’ Влатко Јовановски 7’ Филип Наковски 36’
Екипите на Фабрика Карпош и Аџибадем Систина го започна натпреварот во високо темпо на игра што донесе погодоци уште во раната фаза. Екипата на Фабрика Карпош прва го отвори резултатот со погодокот на Талески во 3та минута, екипата на Аџибадем Систина успеа брзо да возврати во 7та минута со погодоко на голманот Јовановски од далечина успеа да израмни на 1-1. Во 10та минута екипата на Фабрика Карпош успеа да искористи грешка во одбраната на противникот па преку Шишковски успеа да зголеми на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина успеа да реализира преку Бошковски и израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипаата на Фабрика Карпош прва успеа да дојде до предност но Систина брзо возврати. Екипите на теренот прикажаа егал натпревар што се одрази на резултатот, се играше гол за гол до самата завршница. Екипата на Фабрика Карпош успеа во последната минута од натпреварот да реализира преку Талески за 5-4 и кога се мислеше дека победата е сигурна Аџибадем Систина возврати преку Ѓорѓиевски за 5-5 и поделба на бодовите.