Фабрика Карпош немаше сили за пресврт во дуелот со СИГАЛ Иншуренс Груп

Фабрика Карпош 3-4(2-3) СИГАЛ Иншуренс Груп

Фабрика Карпош:Филип Илиевски 3’ 20’ 40’
СИГАЛ Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 12’ Беким Љута 4’ 24’ Ербин Даци 7’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош и СИГАЛ Иншуренс Груп, екипите уште на самиот старт влегоа со отворена игра и фокус ставен на нападот. Екипата на Фабрика Карпош успеа прва да го отвори резултатот со погодокот Илиевски во 3та минута, по ова екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп возврати преку Љута и Даци за целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. Како одминуваше времето екипите го зголемуваа темпото на игра и се почесто доаѓаа до шанси за гол. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да реализира плус по еден гол и на паузата се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа преку вториот погодок на Љута повторно резултатски да се одвои и поведе со 2-4. Екипата на Фабрика Карпош вршеше силен притисок кон голот на противникот но имаше слаба реализација. До крајо на натпреварот екипата на Фабрика Карпош успеа да реализира пенал и да дојде до само гол негатива. Сепак екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да ја сочува предноста и славеше на крајот од овој дуел со 3-4.