
ЕЛЕМ 2-2(2-1) Фабрика Карпош 3-5 по пеналите
ЕЛЕМ: Тихомир Груевски 5’ Шкиприм Руфати 3’
Фабрика Карпош: Тони Котев 6’ Георги Божиков 25’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Фабрика Карпош, двете екипи од самиот старт влегоа со офанзивна игра и акцент ставен на нападот. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот со погодокот на Руфати во 3та минута, само две минути подоцна успеа да зголеми со погодокот на Груевски во 5та минута. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош мораше да ги консолидира своите редови, ја зацврсти играта во одбраната и преку Котев успеа да намали на 2-1. До крајот на полувремето иако двете екипи имаа одлични шанси не успеаа да реализираат па на паузата заминаа со резултат од 2-1 во корист на ЕЛЕМ. Екипата на Фабрика Карпош во втората половина на натпреварот во своите редови внесе голман играч со цел да настапи по офанзивно и да дојдат до изгледни шанси за гол. Оваа тактика им донесе резултат и во 25та минута божиков стрелаше за израмнување на резултатот. До крајот на натпреварот екипите не успеаа да реализираат па пеналите го одлучија денешниот победник. Екипата на Фабрика Карпош имаше подобра реализација па на крајот си обезбеди влез во Ф8