Фабрика Карпош со колективна игра до победа над Макстил и влез во Ф4

Макстил 2-5(0-2) Фабрика Карпош

Макстил: Лазев Мартин 33’ Бојковски Бобан 38’
Фабрика Карпош: Бобан Јоноски 32’ Филип Илиевски 13’ 36’ Лазар Божиновски 12’ Бојан Талески 38’

Во последниот натпревар од Ф8 фазата силите ги одмерија екипите на Макстил и Фабрика Карпош, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел со акцент на играта во нападот. Екипата на Фабрика Карпош во 12та минута од полувремето успеа да дојде погодок за пердност од 0-1 со погодокот на Божиновски. Ова им даде ветер во грб па веќе во следната минута успеаа да зголемат на 0-2 преку Илиевски. Ова беше аларм за екипата на Макстил која беше приморана да направи тактички измени и да започне со по офанзивна игра. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да ја сочува предноста па на паузата замина со предност од 0-2. Екипата на Фабрика Карпош во второто полувреме продолжи со притисок во предно поле иако екипата на Макстил играше со голман играч, Фабрика Карпош успеа да наматне своја игра и да ја има иницијативата во своите нозе. Во 33та минута Макстил успеа да намали на 1-3 преку контра напад кој го реализираше Лазев. Екипата на Фабрика карпош одма возврати си со два гола во низа успеа да дојде до предност од 1-5, во тие моменти кај Макстил проработе Бојковски кој успеа да намали на 2-5, со овој гол Макстил се обиде да внесе ентузијазам во своите редови но времето не дозволи никакво изнендување па Фабрика Карпош славеше на крајот од овој дуел со 2-5.