
ЕВН 0-4(0-3) Фабрика Карпош
Фабрика Карпош: Бојан Талески 8’ 39’ Филип Илиевски 3’ Никола Шишковски 14’
Олдичен почеток за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со ЕВН тие уште на самиот старт настапија со офанзивна и брза игра што им донесе водство уште во раната фаза. Екипата на Фабрика Карпош го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на Илиевски а во 9та минута преку Талевски успеа да зголеми на 0-2. Екипата на ЕВН внесе восвоите редови голман играч со цел да створи вишок во нападот и почесто да се заканува кон голот на противникот, но ваквата отворена игра ја искористи Фабрика Карпош за да ја зголеми предноста и на полувремето да замине со позитива од 0-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН ја стегна играта и со одличен напад често се закануваше кон голот на противникот, но Фабрика Карпош одлично ја постави одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на полувремето екипата на ЕВН имаше одлични обиди кон голот на противникот но изостануваше силна реализација што Фабрика Карпош го искористи за да слави во овој дуел со 0-4.