
СИГАЛ Иншуренс Груп 3-3(1-1) Фабрика Карпош (4-6 по пеналите)
СИГАЛ Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 37’ Фисник Нухиу 6’ Шабан Чупи 26’
Фабрика Карпош: Никола Шишковски 24’ Филип Илиевски 19’ Виктор Јованоски 22’
Во првиот полуфинален натпревар силите ги одмерија екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Фабрика Карпош, двете екипи со силна мотивација влегоа во овој дуел. Тоа што го направи ова полувреме интересно беше офанзивната и отворена игра. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп прва го отвори резултатот со погодокот на Нухиу во 6та минута од полувремето, ова ја примора екипата на Фабрика Карпош да го подигне темпото на игра и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Во самата завршница на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа преку Илиевски да реализира и да дојде до израмнување на резултатот на 1-1. СИГАЛ Иншуренс Груп вршеше притисок но не успеа да реалзира па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош искористи грешка во одбраната на противникот па успеа да зголеми на 1-2, а две минути подоцна во 24та реализираше Шишковски за 1-3. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп ги консолидира своите редови и преку Чупи во 26та минута успеа да намали на 2-3. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра, екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во 37та минута успеа преку Нухиу да израмни на 3-3 и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршни ниту една од екипите не успеа да реализира па на крајот пеналите го одлучуваа победникот. Во реализацијата на пеналите екипата на Фабрика Карпош имаше подбора реализација па со резултат од 4-6 (по пеналите) си го осигураа местото во големото финале.